ПАТУВАЊЕ... ПАТУВАЊЕ
Понекогаш и неколку ситни парчиња мебел или можеби неколку украсни предмети ви значат многу повеќе и од најскапите парчиња кои ги имате во домот. И тоа е така затоа што тие се дел од вас, од она што најмногу го сакате, затоа што се ретки и затоа што сте ги набавиле во некоја анти-кварница или на некое патување. Зошто тогаш не си го креирате самите својот “агол на задоволствата и убавините”, токму онака како што се чувствувате? Секако, доколку немате можности целиот дом да ви биде уреден во тој стил, тогаш доволно е да биде и само еден дел од вашиот дом...
Калифорниски сон
Во стилот на летото и одморот можеби сте љубители на модерниот несекојдневен стил...
Масичка “Tulip” дизајн на Design Plaza, фотеља со голем наслон повторно дизајн на Design Plaza. Целокупниот ентериер живее во многу бои, а посебен впечаток оставаат малото перниче со женскиот лик како и украсите на масата во вид на патиките All Star. Внхесете го вашето уживање и пшреку големите водени слики или ѕидниот тапет, а како асесоари нека ви послужат практични употребни предмети, како штицата за сурф и уште многу мали летни задоволства.
Нов Барок
Во стилот на... кралевите и кралиците. Времето во кое моќта значела с#, а окружувањето во кое тие функционирале дишело со луксуз и неповторлива елеганција. Неколку антикни парчиња мебел можат многу да ви помогнат да го доживеете тоа време.
Масичка и ниско столче, дизајн на Mitland Smith; Фотелја во истиот стил, дизајн на Christopher Guy, Тоалетна масичка од Poyaga; Мини лежалка, софа, дизајн на Christopher Guy за Abae. Не заборавајте дека ваквиот простор бара и многу ситни детали за да му внесат живост... вазни, свеќници, светилки, и многу многу огледала.
Тропски стил
Стилот кој и покрај тоа што многумина навистина го практикуваат, е вистински предизвик за дизајнерите на просторот. Уникатните предмети кои во себе го носат духот на едно време, на еден народ и култура, навистина можат да направат волшепство во секојдневното домување.
Таписерија зебра, дизајн на Interni; Кабоџански украсни скулптури Divani&Divani by Natuzzi, во стилот на Африка, фотеља дизајн на Divani&Divani by Natuzzi.