Ретро стилот зазема сè поголем замав во секојдневното живеење. Освен модата, “освртот кон минатото” го карактеризира и убавото обликување на приватните и јавните простории. Стилизирано, секако. Ентериеристите препорачуваат неколку начини. А еве некои од нив…
Скромноста на квекерскиот стил
Американските квекери изградиле специфичен стил во ентериерот и мебелот, доста впечатлив и препознатлив по нивната едноставност, функционалност и строгост. Со нив предводела Американката Ен Ли, која дошла во Северна Америка во 1774 година. И покрај огромните растојанија меѓу населбите, сите квекери живееле исто, едноставно, чесно, скромно, приврзани кон прокламираните правила на однесување. Чистите форми, рамните линии, отсуството на орнаменти, употребата на природни материјали се само некои од одликите на приватните простории што квекерите ги обликувале според потребите...
Изворни рустикални стилови
Рустичната декоративна уметност во Европа ги опфаќа рачно изработените предмети за секојдневна употреба, дизајнирани и направени во селските подрачја, каде што главна улога играле локалната традиција и расната припадност. Рустичните стилови се оние што ги креирале обичните жители на државите. Нивната вродена смисла за боја и љубовта кон убавото овозможиле создавање на прилично интересни амбиенти и изработка и украсување на голем број корисни и исто толку занимливи предмети за опремување на домот...
Регент-стил
Регент е стил во француската уметност во времето на вршителот на владетелската власт Филип Орлеански. Го нарекуваат “ни стил луј-четиринаесетти ни стил луј-петнаесетти”. Со себе носи извесни особености што претставуваат резултат од желбата за обнова и подмладување, од желбата за удобност и спонтаност наспроти крутоста и официјалноста кои дотогаш владееле...
Реставрација
Француската реставрација може да се подели на времето на Шарл Џ и времето на Луј Филип. По падот на Наполеон, враќањето на Бурбон донело промени и во декоративното уредување на ентериерот. Бидејќи воените и финансиските потреси што Франција ги преживувала го спречувале понатамошниот развој на автентичниот стил, се прибегнувало кон своевиден еклектицизам, односно мешаница на претходните стилови. Во времето на Шарл Џ ентериерите се поудобни и поинтимни од оние во времето на ампир, иако мебелот ги задржал речиси истите облици…
Неокласицизам
Зборот “класичен” значи совршеност која е општоприфатена. Во времето на ренесансата, враќањето кон античките извори на инспирацијата било општоприфатено, па затоа таквата уметност се нарекувала класична. Во втората половина од осумнаесеттиот век бил обновен интересот кон класичната грчка и римска уметност. Таквото општоприфатено движење го добило името неокласицизам…
Модерен стил
Дваесеттиот век го карактеризира радикален прекин на дотогашното сфаќање на дизајнот на мебел. Уште на почетокот било јасно дека машината ќе одигра клучна улога во модерниот живот и дека масовното производство изискува оригинален дизајн, а не повторување на облиците што дотогаш биле предмет на интерес меѓу уметниците и занаетчиите. Луис Саливен од Чикаго и Хенри ван дер Велде од го основале т.н. модерно движење. Обликувањето на едноставен, лесен, светол и неоптоварен амбиент за живеење станало цел број еден...
Неоготика
Неоготскиот стил се појавил во постнаполеонова Европа, во времето на неокласицизмот, како духовно движење поттикнато од жалта, носталгијата и привикнувањето на средниот век. Уште во средината на осумнаесеттиот век во Англија дошло до оживување на интересот кон средновековната архитектура и декорација, првенствено благодарение на пропагирањето на убавината на готскиот стил од Хорациј Валпол, Сандерс Милер и нивните современици…
Постмодерна
Реакцијата на модернизмот се појавила уште во педесеттите години од дваесеттиот век, но најпрвин како дифузно и периферно движење. Независна група англиски теоретичари го застапувала мислењето дека принципите на дизајнот не настанале априори од архитектонските принципи и дека дизајнот треба да егзистира како самостојна дисциплина со независна теоретска основа. Исто така сметале дека техничката естетика треба да биде заменета со популарна култура како основа на дизајнот...
Хумани вредности
Во средината на седумдесеттите години таквите реакции се слеале во ново движење – постмодернизам. Историцизмот отсекогаш ги привлекувал уметниците. Најзначајна била желбата за враќање кон хуманите вредности наспроти техничката естетика...
Нови икони
Како реакција на “добриот дизајн” на модернистите, маскултурата почнала да се почитува повеќе од високата уметност. Поп-артот, односно кичот на Лас Вегас се предложи како нова иконографија, а уметниците го прифатија или како софистициран или како вулгаризиран дизајн проект...