Функционалноста и декорот споени во едно... во бањата
Идејата на повеќето луѓе за совршена бања во минатото беше едноставна - неколку крпи наредени на ѕидот според бојата, надополнети со три празни шишенца од парфем покрај прозорецот (или пред огледалото).
Денес работите се сосема поинакви. Уредувањето на бањите стана вистинска уметност. И овој дел од домот заслужува да изгледа убаво…
Бањите честопати се прибежиште од остатокот од светот, место каде што можете да заборавите на сите грижи и да си посветите време само на себе, бесрамно да се разгалите… Ама за да имате бања во која навистина ќе сакате да уживате, најпрво мора да ја уредите така што за вас тоа ќе претставува пријатно место.
Белата, крем и бледите пастелни бои се секогаш популарни при уредувањето на домот. И со причина - светлите бои прават малите простории (како бањата) да делуваат поголеми. Но вашата бања не мора да биде бојосана со бела боја… одберете бои кои ќе ве потсетуват на лето и плажа - светло (бледо) сина и боја на песок, на пример. И додајте предмети, детали во бањата кои ќе го надополнат изгледот што сакате да го постигнете… Ако сакате да го смените и погледот од прозорецот на бањата, кога ќе го менувате ентериерот, украсете ги и прозорците со шари во нежни бои (за да не ја затворите светлината).
Сепак, овие предлози се за љубителите на класичниот изглед на домовите... Но денес не сите одбираат класичен изглед на бањата. Некои едноставно сакаат модернистичкиот дух да се почувствува во секое катче од домот. Па така и бањата, како креација на врвните дизајнери, едноставно изгледа совршено...
Од изборот на боите, до необично и фантастично обликуваните мијалници, туш кабини, плочки и сите други асесоари... Светските имиња во дизајнот не штеделе ни делче од својата фантазија за ова катче од домот да го направат вистински дострел на модероното време – место каде функционалноста и декорот се слеваат во едно... |