ПРВА                                     

МОДЕРНА НОСТАЛГИЈА ЗА ‘50-ТИТЕ И ‘60-ТИТЕ

ТРЕНД ВО ПАРЧИЊАТА МЕБЕЛ

 
 
Бидете секогаш
информирани
e-mail:
   

испрати свој e-mail
Приклучете се на
mailing листата

 
 
Издава
НАМ, Скопје
Серрвисна зона југ, Скопје
поштенски фах 730
тел/факс
02 2700 720
 
 

Модернистичко доживување на секојдневието

Практична и голема, е првиот заклучок кога ќе се погледне оваа куќа. Следното нешто што веднаш се забележува е е модернистичкото доживување на секојдневното живеење, поточно складот на уредувањето во кое се мешаат модерното и практичното.

Дизајн на Марио Пулето, оваа трикатна куќа е уредена за комотен живот на четиричлено семејство. Кога започнал да ја уредува куќата, тој се водел од идејата дека семејството има две ќеркички кои биле опиени од приказните за принцезите, па така гледал да долови атмосфера во која тие ќе се чувствуваат како во царството на принцезите.

Најкористени материјали во уредувањето се стаклото и дрвото.
На првиот кат од куќата се поставени дневната, кујната и трпезаријата, и тоа сврзани во едно големо пространство така што е овозможена непречена комуникација. Со стаклени врати просторот е отворен кон ходникот. На првиот кат се наоѓа и собата за гости како и тоалетот за гости.

На вториот кат се поставени спалната во комбинација со бања и просторија која игра улога на гардеробер, 2 детски соби и работна просторија. Третиот кат претставува едно огромно пространство со можност да се доуреди во простор за играње или како посебна мала гарсоњера со мала спална и бања.

Куќата има и сутерен со гаражи, места за техничко опслужување, но и двор уреден исклучиво со цвеќе...

 
 
 
 
Copyright © 2004 NAM