|
| |
РАЗБУДЕТЕ ГО ВАШЕТО ЕГО
Посакувана и неповторлива – тоа е вистинскиот опис за колекцијата, производ на дизајнерот Леонардо Даниели за италијанската фабрика EGO Zeroventiquattro. Специфичниот карактер на одделните модели е создаден од комбинацијата на оригинални детали, елегантна визија и финкционалност. Во таа линија новите технологии одат “рака под рака” со рачно изработените елементи. Во оваа линија секое парче мебел е приказна сама за себе, секое си ја раскажува својата историја. Дизајнерот објаснува дека целта при создавањето на продуктите му била ги разбие ограничувачките убедувања во дизајнот, кои ни го ограничуваат и вкусот.
Колекцијата вклучува мебел и асесоари за секој простор и секоја намена, од дневна до спална соба, од тврд до мек мебел и асесоари и текстил.
Незаменливо воочлив детаљ – рамката
Карактеристично за дел од мебелот и асесоарите од колекцијата ЕГО се рамките. Рачно изработени, украсени со фини орнаменти, најчесто во златеста боја која се прелева во црвено... доловена е нејзината улога, да делува како да е антикна. Тоа му дава и посебен вкус на просторот кога таа ќе се најде сместена во него.
Рубенсови форми
Интересен и карактеристичен детаљ за колекцијата ЕГО се ногарките на мебелот. Сите се изработени во заоблени, трклалезни форми (некои повеќе некои помалку, издолжеи или сосема заоблени). Тие му даваат поинаква визија на секое парче од колекцијата ЕГО. Изработени се од масивно дрво и рачно. Намерно се направени пообемни и за да не напукнуваат лесно изработени се од повеќе пластови дрво...
|
|
| |
|